Балотели потпишува за Олимпик Марсеј

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели ја напушта Ница и во продолжението од францускиот шампионат ќе настапува за Олимпик Марсеј. Раководството на овој клуб успеа да го убеди Италијанецот да пристигне на „Велодром“. Тој во текот на денешниот ден ќе ги изврши задолжителните медицински прегледи, а потоа и ќе стави потпис на шестмесечен договор со Олимпик Марсеј, со опција за понатамошно продоложување доколку и двете страни се задоволни од соработката.

Балотели за вториот дел од сезоната ќе добие три милиони евра, а доколку трансферот биде комплетно заокружен до полноќ, тој ќе има право на настап за Олимпик Марсеј во 22.коло, на дуелот против Лил.

Се вчитува...