Балотели се враќа во Серија А?

Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели може да се врати во италијанската Серија А. „Лошиот дечко“ на европскиот фудбал по три години поминати во Франција, би можел повторно да се врати во калчолигата.

Како што пишуваат медиумите на Апенините тој е блиску до потпис со екипата на Бреша. Балотели не ги крие симпатиите кои што ги има кон клубот, бидејќи израсна во Бреша и за градот го поврзуваат убави спомени. Враќањето на тимот во Серија А, тој го прослави на друштвените мрежи, а бидејќи му истекува договорот со Олимпик Марсеј, шпекулациите за враќање во Италија веќе добиваат на значење.

За потсетување, популарниот „Супер Марио“ во Марсеј стигна во јануари од Ница, а за поранешниот европски шампион на 12 натпревари постигна 8 гола. Во кариерата настапуваше и за Лумезане, Интер, Милан, Ливерпул и Манчестер Сити. За италијанската репрезентација забележа 36 настапи, на кои постигна 14 гола.

Се вчитува...