Официјално: Бреша го врати Балотели во „Серија А“

Марио Балотели се врати во „Серија А“, откако потпиша договор со екипата на Бреша. Балотели во Бреша, пристигна како слободен фудбалер, откако на крајот на минатата сезона се раздели со Олимпик Марсеј.

„Марио по три години се враќа во Италија. Покажа одлучност и ентузијазам во намерата да игра за Бреша, градот во кој растеше“, стои во соопштението. 

Балотели со Бреша потпиша тригодишен договор со кој ќе заработува по 1.5 милиони евра по сезона. Контроверзниот фудбалер имал понуда и од бразилскиот Фламенго, но тој одлучил да се врати во Италија како би можел да се бори за место во репрезентацијата на „аѕурите“.

Поради казна од ланската сезона во дресот на Олимпик Марсеј, проблематичниот голгетер ќе ги пропушти првите четири меча на Бреша од новата сезона. Неговото деби за овој клуб се очекува во петтото коло, на пресметката со Јувентус.

Се вчитува...