Бамберг го отпушти Тринкиери

Германскиот претставник во Евролига, тимот на Брозе Бамберг му врачи отказ на тренерот Андреа Тринкиери. Поради серијата лоши резултати во германското првенство, како  неуспехот да го освои германскиот Куп кој му припадна на Баерн, раководството повика итен состанок на кој решија да се ослободат од 50-годишниот италијански стратег.

По четири последователни порази во Евролигата, Бамберг се наоѓа на 10. позиција на табелата, а отказот се случува во лош момент бидејќи веќе во петок германскиот состав треба да се соочи со Црвена звезда во рамките од ова натпреварување. За тој натпревар, како и во наредните неколку мечеви тимот ќе го води досегашниот асистент на Тринкиери, Владо Шчепановиќ, додека не се најде адекватна замена.

Тринкиери застана на чело на Бамберг во 2014 година, а со тимот освои три последователни титули во германскиот шампионат.

Се вчитува...