Банега го одби Арсенал, останува верен на Севилја

Аргентинскиот интернационалец Евер Банега ја одби понудата на англискиот премиерлигаш Арсенал за да се пресели на „Емирати“ ова лето. Тој останува верен на Севилја и следната сезона, иако Унаи Емери инсистира да го види во редовите на „топчиите“.

Новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери, во минатото соработуваше со Банега во Валенсија и во Севилја, добро ги знае неговите квалитети, и сака да го доведе и во Арсенал. Но, Банега засега останува верен на Севилја.

Играчот за врска беше дел од репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Русија.

Се вчитува...