Банега и Сарабија ја суредија Џирона, Севилја рамо до рамо со Барса

Севилја ја оствари деветтата победа во Ла Лига оваа сезона, откако на домашен терен ја совлада Џирона со 2-0. Составот од Андалузија со 31 бод сега се израмни на врвот на табелата со Барселона, која вечерва ќе му гостува на Леванте.

Џирона одолеваше едно полувреме, но потоа Севилја влезе во победнички елемент. Евер Банега од пенал донесе водство во 55.минута, а девет минути подоцна Пабло Сарабија го обезбеди триумфот за домашниот тим.

Се вчитува...