Чешкиот тим Баник Острава се интересира за услугите на голгетерот на македонската репрезентација Милан Ристовски. Ристовски во моментов игра за Спартак Трнава за кој минатата сезона постигна седум гола во 21 меч. Тој има договор со овој тим до 2024 година.
Баник минатата сезона ја заврши како петтопласиран во чешкиот шампионат, и не успеа да избори место во Европа. Тимот е предводен од легендарниот чешки тренер Павел Врба, кој беше тренер во Плзен, Анжи, Лудогорец, Спарта… Беше и селектор на Чешка од 2014 до 2016 година.
Милан Ристовски во минатото беше дел од Ријека, Нитра, Кршко, а потекнува од младинската школа на Работнички. Во последно време е прв избор на селекторот Благоја Милевски за шпицот на репрезентацијата, за која има одиграно 13 натпревари и постигнато три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА