Банкар од Сицилија е избран за нов претседател на Серија А

Италијанците го избраа Гаетано Мичике, бизнисмен од Сицилија, за нов претседател на италијанското првенство, Серија А. Највисоко рангираниот шампионат во оваа земја цела една година функционираше без претседател, откако функцијата ја напушти Маурисио Берета, а привремената задача ја извршуваше шефот на Олимпискиот кометет, Џовани Малаго.

Мичике ги доби сите 20 гласови од клубовите кои настапуваат во ова првенство. Борбата за челната позиција ја водеше со екс-претседателот на фудбалската федерација на Италија, Карло Тавекио, но против неговата номинација беа челниците на Јувентус и Рома.

Се вчитува...