Бартомеу: Нејмар назад во Барса, тоа не е возможно

Претседателот на Барселона, Хозеп Бартомеу, стави крај на шпекулациите за евентуален камбек на Нејхмар во каталонскиот гигант јавно објавувајќи дека нема никаква шанса тој мегатрансфер да биде реализиран.

„Не сме лути, се сретнавме со Нејмар неколку пати во овие години. Тој никогаш не кажа дека сака да се врати, но и доколку го стори тоа, камбек назад не е возможен. Нејмар има цврст договор со ПСЖ за уште неколку години, доколку сака да си замине клубот ќе бара богатство. Ние во Шпанија имаме проблем што секој играч мора да има откупна клаузула, ПСЖ го искористи тоа во случајот на Нејмар“ – истакна Бартомеу.

Барса го продаде Бразилецот за рекордна сума од 222 милиони евра откако ПСЖ реши да ја исплати клаузулата што Нејмар ја имаше во договорот со каталонскиот гигант.

Се вчитува...