БАРАЖ – исполнето…, МУНДИЈАЛ – Зошто да не!?

Македонската репрезентација за првпат во својата историја ќе игра бараж за пласман на Светско првенство! Сон кој 30 години го сонуваа бројни генерации македонски фудбалери, а кој сега го живее златната генерација која ги носи најголемите радости за Македонија од 2017 година!

А, актуелниот квалификациски циклус за пат кон СП 2022, е и најуспешниот во историјата на нашите репрезентативни настапи воопшто. Македонија за првпат во еден квалификациски циклус го освојува второто место во групата, за првпат стигнува и до бројката од 18 бода, за првпат е и со пет победи низ квалификациите и со најголем број постигнати погодоци – 23, и најпозитивна гол-разлика од 23-11!

Претходно, најуспешниот наш квалификациски циклус беше оној претходниот за пласман на ЕП 2020 кога во групата го освоивме третото место со 14 освоени бода.

Сите овие показатели се повеќе од доволен доказ за моќта на оваа генерација македонски фудбалери која предводена од Благоја Милевски, човекот кој ги носеше и на патот до ЕП 2017 во Полска, дефинитивно се чини има сила да го продолжи овој пат. Ако БАРАЖОТ како цел може да се заокружи како исполнета амбиција, сега на ред е МУНДИЈАЛОТ – Зошто да не!?

Се вчитува...