Баражи: Победа, Борец и Вардарски со билети за Втората лига

Победа, Борец и Вардарски се екипите кои стигнаа до билети за Втората лига за наредната натпреварувачка сезона, откако успеаја да забележат победи во денешните бараж-пресметки.

Победа за противник го имаше составот на Куманово, дуел што прилепскиот клуб успеа да го добие со 2-1 и да го задржи второлигашиот статус. Прилепчани поведоа со 2-0 со двата гола во второто полувреме на Дебрешлиоски и Шаркоски, а кумановци до крајот само го ублажија поразот преку Десниќ.

Вардарски во драматичен натпревар успеа да триумфира над Кораби со 3-2, а со идентичен резултат славеше и тимот на Борец против Велазерими.

Се вчитува...