Ракометарите на Грција стигнаа до голема победа на домашен терен од 29-27 против Холандија во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светското првенство кое што наредната година ќе се игра во Германија.
Грците го контролираа резултатот во текот на целиот меч против фаворитот и на крајот заслужено стигнаа до победа од два гола пред реваншот во Холандија.
До голема победа, но на гостински терен стигна Полска која во најинтересниот двомеч против Австрија славеше со минимални 25-26. Норвешка ја декласираше Турција со убедливи 43-30, а до триумф стигна и Швајцарија која беше подобра од Италија 32-29.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
