Вечерва се одиграа баражите за пласман на Светско првенство, и во поголемиот дел од нив патниците ќе се решаваат на вторите натпревари. Така беше и на дуелот помеѓу Србија и Унгарија, во која Србите на реванш патуваат со +2, иако во еден миг водеа и со +7, но „прокоцкаа“ поубедлив триумф.
Избраниците на Раул Гонзалез имаа 18-12 на полувреме, но во вториот дел Унгарците успеаја да дојдат до пристоен пораз, и сега на домашен терен да бркаат пласман на Светското првенство. На крајот Србија триумфираше со 31-29.
Пред пласман на ЕП е и селекцијата на Фарски Острови, која триумфираше на гостувањето кај БиХ со 24-22. Словенија, пак, минимално со 29-28 ја победи Црна Гора, и покрај тоа што Словенците имаа на полувреме и +4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
