Селекцијата на Босна и Херцеговина одигра нерешено 1-1 против Канада во првото коло од групата Б на Светското првенство.
Избраниците на Сергеј Барбарез поведоа во 21-та минута со дебито на Јово Лукиќ, додека домаќините на Светското првенство освоија бод со голот на резервистот Кајл Ларин во 78-та минута.
И покрај тоа што останува жал за загубените два бода, сепак, селекторот Сергеј Барбарез е реален и вели дека неговата селекција имала и среќа.
„Секогаш е штета кога ќе водиш на 10 минути до крајот, да не победиш, но мораме да бидеме и реални. Ние имавме и малку среќа, затоа што Канада имаше одбри шанси. Мислам дека резултатот 1-1 е најзаслужен и ова е добар бод за нас за во понатамошната фаза“, изјави Барбарез и додаде:
„Знаеме како би можела да изгледа табелата, но не треба да правиме пресметки. Имаме уште два меча на кои ќе се обидеме да победиме“, рече селекторот на БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
