Барди асистент, дербито на Валенсија без победник (ВИДЕО)

Леванте и Валенсија одиграа 2-2 во градското дерби кое секогаш буди посебно внимание во Ла Лига. Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше стартер, го одигра целиот натпревар во дресот на Леванте, и беше асистент на вториот погодок за својот тим.

Леванте прв поведе со голот на Роџер во 13.минута, но само три минути подоцна возврати Денис Черишев. Во 33.минута, по одличната долга топка што ја доби од Барди, Роџер уште еднаш се запиша меѓу стрелците, за ново водство на Леванте.

Валенсија и вторпат израмни, со голот од пенал на Дани Парехо во 51.минута. Во финишот, Леванте играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Коке, но успеа да го сочува ремито и освои еден бод.

Се вчитува...