Барди асистент во ремито на Леванте со Гранада (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди продолжува со добрите настапи во Леванте. Тој денеска беше асистент на единствениот погодок на клубот од Валенсија на гостувањето кај Гранада, меч кој заврши 1-1.

Домаќините поведоа преку Мачис во 8. минута. Шест минути подоцна Гоналонс заработи директен црвен картон. Гостите не успеаја целосно да ја искористат бројчаната предност, а до крајот стигнаа само до бод, откако по одлично изведениот корнер на Барди, Везо погоди за 1-1 во 34. минута.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...