Барди: Дербито со Валенсија е специјален меч за Леванте

Енис Барди и соиграчите се подготвуваат за саботното градско дерби со Валенсија, меч што македонскиот репрезентативец го опишува како „специјален“ за сите во Леванте.

„Подготвени сме за Валенсија, секогаш сме подготвени за оваа градска пресметка. Секој натпревар е важен за Леванте, но дуелите со Валенсија секогаш се специјални. Секој што одиграл барем еден меч знае какво е чувството“, вели Барди.

Македонскиот ас постигна гол на својот прв дуел со Валенсија, при ремито од 1-1 на својот премиерен дуел против градскиот ривал.

„Тој гол ми е еден од омилените… прва година во Леванте, прво градско дерби и веднаш погодок против Валенсија. Цел стадион беше во еуфорија, сите беа пресреќни, се надевам дека ќе го повторам истото и в сабота“ – вели Барди во пресрет на големата градска пресметка, закажана за сабота со почеток во 18.30 часот.

 

Се вчитува...