Барди доби нова понуда од САД

Енис Барди и натаму добива понуди од САД. Најновата е од екипата на Остин, која што е заинтересирана да го земе македонскиот репрезентативец. За потсетување дека пред еден месец неговиот тим Леванте потврди дека за Барди стигнала понуда од САД, но дека истата била одбиена, притоа не прецизирајќи за кој тим станува збор.

Македонскиот репрезентативец неодамна се врати на тренинзите на Леванте, во очекување на финализирање на трансферот. За него во последно време има интерес и од Ница, а претходно се споменуваше и Брентфорд, односно Барди да биде замената за Ериксен кој е пред трансфер во Манчестер Јунајтед.

За него има интерес и од Италија и Шпанија, од Торино, Валенсија, Селта. Неговиот договор истече на крајот од минатата сезона, но Леванте ја активираше клаузулата да му го продолжи на уште една година. Сега Леванте бара 8-10 милиони евра за неговите услуги.

Се вчитува...