Барди доби поранешен стопер на Арсенал за соиграч (ФОТО)

Германскиот интернационалец Шкодран Мустафи е нов играч на Енис Барди во Леванте, потврди шпанскиот клуб. Стоперот во редовите на шпанскиот тим доаѓа од Шалке каде помина дел од претходната сезона и со неговото искуство се очекува да биде од голема помош на клубот.

Мустафи својата кариера ја започна во Евртон, а по настапите за Сампдориа и Валенсија се пресели во редовите на Арсенал. Дресот на „топџиите“ го носеше од 2016 до 2021 година.

Се вчитува...