Барди добива нова улога и нова позиција од новиот тренер на Леванте

Новиот тренер на Леванте Хавиер Переира, најави дека во иднина Барди ќе игра на нова позиција и ќе има нова улога во тимот, и тоа може да се случи уште викендов на натпреварот со Севиља.

Често сезонава Барди играше како крилен играч во четирите фудбалери во средината на теренот, но Переира најави дека ќе Барди сега ќе се врати во средината, и во трансформација дури и зад напаѓачите.

„Тоа ќе зависи од формацијата на секој натпревар. Барди за мене е подобар да игра кон средината, отколку кон надворешните крилни позиции. Повеќе ми се допаѓа зад напаѓачот или како среден играч во 4-3-3 формација“, истакна Переира.

Се вчитува...