Барди е „фит“, ќе игра против Севилја

Енис Барди поради повреда не можеше да настапи за македонската репрезентација, но одличниот играч за врска ја искористи паузата за целосно да ги надмине проблемите што го мачеа од почетокот на сезонава. Последните информации од клубот од Валенсија велат дека Барди во последните денови тренирал со полна пареа, ставајќи му се на располагање на стручниот штаб за наредниот меч од „Ла Лига“ против Севилја.

„Енис Барди не беше премногу во комбинација и на претходните натпревари бидејќи беше повреден. Тој се мачеше играјќи со болка, често се случуваше да не биде стартер токму поради тоа, но репрезентативната пауза беше добредојдена за тој да влезе во топ-ритам“ – пишуваат шпанските медиуми за македонскиот репрезентативец.

Леванте со триумфот над Леганес скокна на десеттото место на табелата. Тимот на Барди в недела во 21 часот ќе гостува на шестопласираната Севилја, која претрпе три порази во последните четири кола од елитното шпанско фудбалско друштво.

Се вчитува...