Барди е главна фаца на Леванте: Гол и асистенција во новиот триумф

Македонскиот репрезентативец Енис Барди веќе се наметнува како ’главна фаца’ во новиот шпански прволигаш Леванте. Тој во третиот меч го постигна својот втор гол на подготовките за Примера, а денеска реализираше и асистенција во триумфот од 2-1 против Кадиз. Одличниот креатор на играта во 16.минута асистираше до Кампана за водство на Леванте, а во 55.минута и самиот постигна погодок, втор откако ова лето го носи дресот на шпанскиот клуб.

Шпанските медиуми веќе наголемо пишуваат дека Барди ќе биде едно од најголемите засилувања на Леванте за новата сезона. Кадиз постигна почесен гол во самиот финиш од средбата преку Ромера во 89.минута.

Се вчитува...