Барди е мајсториште, ремек-дело за македонска радост во Гдиња

Македонија се враќа во игра на натпреварот со Португалија, откако нашиот национален тим пред крајот на првото полувреме го преполови водството на противникот на 1-2.

Стрелец на голот е Енис Барди, одличниот плејмејкер кој најпрвин прекрасно се ослободи од противничкиот играч, за потоа со прецизен удар од дваесетина метри да го погоди долниот агол од голот и да го совлада голманот Бруно Варела. Гол за надеж, дека со подобра игра во второто полувреме ќе успееме да ги замрсиме сметките на уште еден фаворит како што тоа го сторивме пред три дена на дуелот со Србија.

1-2 Enis Bardhi Goal HD – Macedonia U21 vs… by footballvideostv1

Се вчитува...