Барди: Едвај чекам да ја почнам и третата сезона со Леванте

Енис Барди почна со тренинзи со Леванте за следната сезона, а македонскиот репрезентативец во меѓувреме беше поврзуван и со преселба во Еспањол. Сепак, Барди е максимално фокусиран на обврските кон Леванте, покажувајќи лојалност кон клубот што го донесе во „Ла Лига“.

„Почнавме со напорна работа, лично можам да кажам дека едвај чекам да ја почнам и третата сезона со Леванте. Одлично сум примен од првиот ден во овој клуб. За млад играч е многу важно од самиот почеток да му биде олесната адаптацијата, како што тоа беше случај со мене во Леванте. Јас сум благодарен поради тоа и сакам да возвратам со нови добри партии“ – порача македонскиот ас.

Кога станува збор за клупските амбиции, желба на Барди е Леванте да не се бори за опстанок до самиот крај на сезоната како што тоа беше случај минатата сезона.

„Желба ми е да бидеме подобри од лани, да имаме помирна сезона и да не се тресеме до самиот крај за прволигашкиот опстанок. За среќа, минатата сезона се извлековме, очекувам во новата сезона да бидеме уште подобри“ – истакна Барди.

Се вчитува...