Барди ги изми рацете и жонглираше со тоалетна: „Остани дома“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е прва ѕвезда на Леванте. Клубот со него ја стартуваше номинацијата на фудбалери кои треба да го одработат „тоалетниот предизвик“, односно да ги измијат рацете и да жонглираат со тоалетна хартија. Секако, пораката е да се внимава на личната хигиена и да се остане дома, за да се спречи понатамошното ширење на епидемијата на коронавирусот.

Се вчитува...