Барди „главен виновник“ за првата победа на Леванте во Ла лига (ВИДЕО)

Леванте конечно стигна до првата победа во Ла лига сезонава откако славеше на домашен терен над Мајорка со 2-0. Главен виновник за првата победа на тимот од Валенсија сезонава беше македонскиот репрезентативец Енис Барди кој на маестрален начин му асистираше на Роберто Солдадо за првиот гол во 47. минута. Конечните 2-0 ги постави Моралес во 97. минута.

Гостите може да жалат што не дојдоа барем до бод на овој меч, бидејќи прво во 69. минута Оливан промаши пенал, а подоцна по консултација со ВАР и играње со рака беше поништен голот на Нино во 82. минута.

 

 

 

Се вчитува...