Барди не заминува од Трабзонспор: Го сакам овој клуб и нема да го оставам

Во последните неколку недели, имаше многу шпекулации околу заминување на Енис Барди. Од тимови од САД, Италија, Шпанија, до екипа во Чемпионшип, па Германија, ОАЕ… Меѓутоа Барди стави крај на сите шпекулации.

Играчот од средниот ред најави дека ќе остане во клубот најмалку до крајот на сезоната, и дека нема намера да се замине сега, доколку клубот е во ваква ситуација.

„Не сакам да го оставам клубот во оваа ситуација. Сакам да останам и да помогнам до крајот на сезоната. Го сакам овој тим“, наводно им кажал Барди на челниците и на стручниот штаб на екипата.

Барди во последно време е стандарно во првиот тим на турската екипа.

Се вчитува...