Барди и Леванте го избркаа Беризо од Билбао

Едуардо Беризо од денеска повеќе не е тренер на Атлетик Билбао, откако баскијскиот клуб му врачи отказ по серијата слаби резултати во Примера дивизион. Како пресуден се покажа последниот пораз од Леванте и нашиот Енис Барди, каде по неуспехот со 3-0 на Беризо му беше дадено отказно решение.

Атлетик се наоѓа во огромна криза, по стартната победа во првото коло овој клуб нема победа во последните 13 рунди од Примера дивизион, паѓајќи на 18. место на табелата.

Предводник на тимот на Атлетик Билбао најмалку до крајот на годинава ќе биде Гаизка Гаритано, кој досега работеше со младинскиот тим на баскијскиот клуб.

Се вчитува...