Барди и Леванте немаат лек за Атлетико

Енис Барди и Леванте го претрпеа првиот пораз по паузата поради коронавирусот, губејќи на домашен терен од Атлетико Мадрид со 0-1. Тимот на Диего Симеоне повторно се покажа кобен за Барди и соиграчите, стигнувајќи до петтиот триумф во последните шест пресметки со Леванте.

Како пресудна се покажа 15. минута, кога гостите одлично одиграа една колективна акција по која домашниот дефанзивец Бруно Фернандез ја затресе сопствената мрежа. Атлетико имаше неколку убави шанси за втор гол, Леванте пропушти неколку ситуации да стигне до израмнување, па избраниците на Симеоне на крајот се враќаат дома во Мадрид со три бода со кои сега се осамени на третото место на табелата.

Барди беше меѓу најдобрите поединци во тимот на Леванте пред да биде заменет во 82. минута со Хернани.

Се вчитува...