Барди и Леванте со играч помалку до бод против Џирона… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Леванте ремизираа (2-2) против Џирона во 18. коло од шпанската Ла Лига.

Домашните во два наврати бркаа предност на Џирона, за да на крајот со голот на Морено во 86. минута и со играч помалку по исклучувањето на Постиго во 69. минута стигнат до израмнување за бод.

Претходно, Џирона поведе преку Порту во 31. минута. Израмни Моралес во 58. минута а Гарсија од слободен удар во 72. минута донесе водство за гостите од 1-2.

Енис Барди ја одигра целата средба во составот на Леванте.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...