Барди и Леванте со победнички старт, гол на Моралес каков ретко се гледа… (ВИДЕО)

Енис Барди со својот Леванте имаше победнички старт во новата сезона од шпанската Примера, славејќи на гостувањето против Бетис во Севилја со 0-3.

Натпреварот го одбележа феноменалниот погодок на капитенот на Леванте, Моралес кој по трк од 75 метри нанижувајќи притоа пет противнички фудбалери стрелаше мајсторски во 54. минута за водство од 0-2….

Претходно, Леванте до водство дојде со голот на Роџер во 37. минута…, а конечните 0-3 ги постави Моралес со својот втор гол во 93. минута…


Енис Барди го одигра целиот натпревар за Леванте, одлично одработувајќи ги зададените задачи но без посериозно можност и да го загрози противничкиот гол.

Се вчитува...