Барди и соиграчите имаа тензичен дочек во Валенсија по дебаклот од Вилјареал

Катастрофата од 5-0 на гостувањето кај Вилјареал, дополнително ги налути навивачите на Леванте кои не гледаат излез од кризата, и затоа се решија својот гнев да го искажат врз фудбалерите, кои ги чекаа пред „Сиудат де Валенсија“. Го чекаа автобусот со фудбалерите за да ја истурат нервозата на играчите, кои 27 натпревари во првенството немаат победа.

Кога стигна составот, тие извикуваа погрдни зборови, бараа средба со фудбалерите и со претседателот кој ги сируваше страстите.

„Платеници“, „кучиња“ се слушаа од навивачите, а потоа тројцата капитени Коке, Постиго, Роџер и трнерот Лиси се обидуваа да ги смират страстите. Потоа им се приклучија и другите фудбалери.

Претседателот е повеќе од една деценија на чело на клубот. Во 2016 година клубот претрпе преселба во понизок ранг, и сега му се заканува истото сценарио, а навивачите сакаат да го спречат.

Инаку на Барди му истекува договорот на лето, и веќе може да преговара со други клубови уште од сега. Се шпекулира дека Барди уште во јануари ќе замине од Леванте, за клубот од Валенсија да може да заработи нешто, помирувајќи се со судбината дека клубот ќе испадне.

Се вчитува...