Барди има на маса понуда од САД

Леванте продолжува со напорите да продаде фудбалери за најмалку 10,5 милиони евра до крајот на овој месец, со што шпанскиот клуб би ја задржал финансиската ликвидност и по испаѓањето од елитното друштво.

Енис Барди е на врвот на листата на играчи кои ќе си заминат, но Леванте се мачи да најде купец што ќе ги задоволи финансиските барања и на клубот и на македонскиот репрезентативец. Како што обелодени спортскиот директор Фелипе Минамбрес, Барди неодамна добил понуда за преселба во САД, во МЛС-лигата, но истата беше експресно одбиена.

„За Енис Барди добивме понуда од МЛС-лигата. Тој нема да замине во САД бидејќи веднаш ја одби добиената понуда“, истакна Минамбрес.

Се вчитува...