Барди: Италија мотивира, да одиграме најдобро што умееме

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Македонската фудбалска репрезентација утринава се запозна со Олимпискиот стадион во Торино каде утревечер (20.45 часот) ќе ги одмери силите против Италија во рамките на квалификацискиот меч за СП во Русија 2018. Мотивацијата е огромна да се продолжи позитивната серија која започна со триумфот на гости против Израел, а потоа и ремито со Албанија во Струмица.

Македонија го има “новиот Дејвид Бекам”, така велат во Шпанија за Енис Барди, кој ги импресионираше во Ла Лига со одличните слободни удари, но и креацијата на играта на својот тим Леванте. Веќе се наметнува и како главен креатор на играта во националниот тим. Тој вели, Македонија е селекција која има квалитет да се надигрува со Италија.

“Играме со Италија, поголем мотив за да го покажеме најдоброто од себе можеби и не постои во фудбалот. Знаеме дека противник ни е една од најдобрите светски селекции, но и свесни сме за нашите квалитети. Оваа нова генерација покажа и на првиот меч со Италијанците дека може да се надигрува со најсилните селекции, па убеден сум дека и утре на “Олимпико” во Торино нема да им биде лесно. Едно е сигурно, ние ќе се бориме и до последен атом на силите за да оствариме позитивен резултат и да се прикажеме во добро издание”, вели Енис Барди.

А ако има и некој слободен удар околу шеснаесетникот, нека му ја мисли Буфон…

Се вчитува...