Барди стрелец за триумф против Столе и Рајо Ваљекано, па ги “испрати” кон Втора лига

Во македонската пресметка од 36. коло во Ла Лига, Енис Барди партиципираше со гол за својот Леванте против Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано. Во мечот за опстанок, Леванте победи со 4-1 и веќе е блиску до останување во елитното друштво, додека Рајо и Димитровски се на пат кон Втората лига. Барди беше стрелец на последниот гол за Леванте во 91.минута.

Леванте до предност од 2-0 дојде уште во првото полувреме со головите на Кампана во 14.минута и Везо во 43.минута. Во 30.минутс Моралес не реализираше удар од белата точка за домашните.

Во вториот дел, Рајо успеа да постигне само почесен погодок преку Гарсија во 71.минута, а тимот од Валенсија со головитена Џејсон во 86.минута и Барди во 91.минута заокружи на 4-1.

Барди одигра повеќе од квалитетен меч за Леванте, а Димитриевски остана само на клупата за резервни фудбалери.

Се вчитува...