Барди ја надмина повредата, навреме за дуелот против Барса на „Камп Ноу“

Македонскиот интернационалец Енис Барди побрзо од очекувањата ја надмина повредата на мускулот што ја заработи на тренинг пред една седмица. Клупските лекари најавија дека ќе мора да минува две седмици, но тој се опорави брзо и се појави на денешниот претпладневен тренинг на Леванте.

Барди ги пропушти натпреварите со Севилја и со Осасуна, но најверојатно ќе може да се појави во тимот за гостувањето против Барселона, закажано за 2 февруари на „Камп Ноу“.

Енис Барди сезонава настапи на 15 натпревари за Леванте, притоа постигнувајќи два погодоци.

Се вчитува...