Барди ја пречекува Црвена Звезда, Тричко против Динамо Киев, Алиоски на гости кај Рен

Денеска се играат вторите натпревари во групната фаза во Лигата на Европа, во кои ќе настапат и четворица македонски интернационалци.

Најтешката задача ќе ја има Енис Барди, кој на домашен терен со Трабзонспор го пречекува еден од фаворитите во групата, тимот на Црвена Звезда. Се очекува пеколна атмосфера во Трабзон крај Црното Море за српскиот тим. Барди досега беше стандарден првотимец и речиси често менуван во вториот дел, а се очекува и вечерва да биде стартер. Двата тима ги очекуваат првите бодови, после поразите во првото коло од Ференцварош, односно од Монако.

Иван Тричковски со АЕК Ларнака гостува кај Динамо Киев. Поради случувањата во Украина, овој меч ќе се игра на стадионот во Краков, па така тоа ќе биде предност на кипарскиот тим.

Езџјан Алиоски и неговиот Фенербахче гостуваат во Франција на тимот на Рен, додека Ердал Ракип со Малме гостува кај Ројал Унион од Белгија.

Во Лигата на Конференции, Пјуник на Спировски, Радески и Ристевски го пречекуваат тимот на Слован Братислава.

 

Се вчитува...