Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше одличен натпревар во дресот на Леванте во ремито (1-1) од градската пресметка со Валенсија во 34. коло од Ла Лига.
Барди во игра влезе на стартот на вториот дел кога и беше реализиран комплетниот пресврт во играта на Леванте.
Валенсија поведе Дуро во 27. минута од средбата.
Во вториот дел целосна доминација на Леванте предводен од Барди кој во 77. минута испрати „бомба“ кон голот на домашните од 20 метри, но гредата спречи погодок за македонскиот фудбалер.
Сепак, гол за Леванте следеше во 81. минута кога Дуарте убаво погоди со глава по корнерот кој го почна Барди, за конечни 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА