Барди: Капитенската лента ми беше мотив, но во репрезентацијата сите сме капитени

Енис Барди во првиот меч како капитен на Македонија, постигна хет-трик за триумф на Македонија над Ерменија во квалификацискиот натпревар. Тој е среќен поради победата.

„Важна победа за нас. Капитенската лента секако ми беше мотивација, но за мене сите сме капитени, сите сме одговорни во тоа што го даваме на теренот. Мотивација секогаш постои, и вечерва ми беше на високо ниво. Горд сум што сум дел од капитените во оваа селекција. Беа тука Горан, имавме и други големи играчи капитени. Од Горан научив многу. Дај Боже само исто да продолжиме“, изјави Барди.

Барди рече дека во дел на мечот Македонија имала и пад, што е нормално, но се договориле да бидат мирни и дека ќе дојде шансата.

„Имавме дел на натпреварот кога имавме пад. Зборувавме многу во првиот дел да бидеме мирни, дека ќе дојде шансата. Среќни сме за победата, а сега имаме втор натпревар со Исланд и треба да се фокусираме на тој меч“, изјави Барди.

Капитенот упати пофалби до селекторот Милевски, за кого кажа дека има победнички менталитет.

„Долго време работиме со Милевски, знаеме што бара и каков карактер има. Сега со оваа победа сме среќни, само да продолжиме вака. Работата покажува со резултатот. Го знаеме многу добро Милевски, и само треба да продолжиме. Тој има победнички менталитет и тоа го покажува“, вели Барди кој рече дека сега фокусот репрезентацијата ќе го стави на мечот со Исланд и дека селекцијата ќе оди на второто место.

Се вчитува...