Барди: Ќе биде емотивно, мајка ми е од Косово, но сакам да победи Македонија

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Енис Барди за косовските медиуми говореше за претстојниот натпревар во баражот за пласман на Европското првенство 2020 година кој ќе се игра меѓу репрезентациите на Македонија и Косов.

„Не чека тежок натпревар со Косово. За мене тоа ќе биде многу емотивен меч. Мојата мајка е од Косово, но на терен ќе играм за Македонија и ќе дадам се од себе да победиме. Македонија ми даде шанса на 19 години да дебитирам и јас сум и благодарен, како и на сите луѓе кои ми помогнаа. Главната сила на Македонија не сум само јас, тука се и Елмас, Пандев, Алиоски и други. Ќе биде забавно и се надевам дека нема да има неспортски работи, бидејќи спортот треба да ги спојува луѓето“, изјави Барди. 

Барди ги помина сите младински репрезентации на Македонија, а на А-тимот е член од 2015 година, период во кој досега запиша 27 настапи на кои постигна 5 гола.

Се вчитува...