Барди ќе биде замената за Солер во Валенсија

Од Франција, Шпанија и Италија има интерес за Енис Барди. Барди може да остане во Валенсија, но да се пресели во таборот на „лилјаците“ откако е на „радарот“ на оваа екипа. Меѓутоа Валенсија чека исход од трансферот на Карлос Солер, за кого се шпекулира дека ќе заврши во Барселона.

Солер веќе одбил продолжување на договорот кој му е до 2023 година, и тоа би можело да значи дека летово ќе има нов клуб. Во тој случај Валенсија ќе тргне по македонскиот репрезентативец кој ќе се најде на трансфер листа откако на Леванте му требаат пари за да ја потполни дупката во клупската каса.

Овој трансфер не би бил пријатен за навивачите на Леванте, но клубот има финансиски проблеми кои може да ги реши само со продажба на најдобрите играчи. Се очекува Леванте да му го продолжи договорот на Барди според клаузулата, а потоа да бара за него околу 10 милиони евра.

Се вчитува...