Барди: Кога ова ќе заврши, повеќе да ги цениме малите работи во животот

Енис Барди останува во Валенсија чекајќи ја разврската околу завршницата во Ла Лига, а македонскиот интернационалец во изјава за шпанските медиуми открива дека цело време го минува во својот дом, тренирајќи индивидуално.

„Целата куќа ја направив како сала за вежбање. Од тренерите добиваме програма за тренинг, а потоа работам напорно за да ми мине времето. Мајка ми ме советуваше да купувам што повеќе работи онлајн и ја послушав, така што речиси воопшто не сум излезен на улица. Кога не тренирам, гледам филмови или некои поранешни натпревари за да си ги увидам грешките. Секогаш сакам да гледам позитивно, така е и во случајов, па верувам дека ќе извлечеме многу работи од оваа криза. Јас лично би сакал, кога ова ќе заврши, повеќе да ги цениме малите работи во животот, да им се радуваме на моментите што многу значат“, истакна Барди.

Леванте во моментот на прекинот на сезоната се наоѓаше на 13. место на табелата со 33 бода, осум повеќе од опасната зона и 18. позиција на која се наоѓа Александар Трајковски со Мајорка.

Се вчитува...