Барди: Македонија е гладна за ЕП…!

Еден од најдобрите поединци на теренот во триумфот против Косово во полуфиналето од Лигата на нациите, фудбалерот на Леванте, Енис Барди не го криеше по мечот задоволството од пласманот во финалето нагласувајќи дека сега следи и конечниот чекор кон ЕП.

„Мислам дека го почнавме натпреварот под притисок со оглед на неговото значење. Тимот беше добро поставен, затоа што противникот не создаде ниту една шанса, но сепак како да чувствувавме некој грч. Не се загриживме ни при израмнувањето на резултатот, затоа што добро ја знаевме нашата цел а тоа е само победа. Бевме подобри и заслужено триумфиравме“ – истакна Барди по натпреварот, дополнувајќи дека сега останува фокусот кон Грузија и пласман за ЕП.

„Македонија е гладна за ЕП. Ова денеска беше само еден добар печат на патот до Европско првенство, и ветувам дека ќе направиме се од нас да победиме и во Грузија“.

Се вчитува...