Барди: Македонија над 20 години чека ЕП, затоа сакаме публика на трибините

Енис Барди не крие дека е задоволен од расплетот на ситуацијата околу бараж-дуелот со Косово, откако беше одлучено сите средби од Лигата на Нации да бидат одложени наместо да се играат пред празни трибини.

„Полуфиналето со Косово треба да се игра во Скопје, а за нас е многу важно да настапиме пред нашите навивачи. Тоа е меч за историја, Македонија над 20 години чека пласман на ЕП, затоа сакаме публика на трибините, за да имаме со кого да ја споделиме радоста“, истакнува Барди во интервју за „Супердепорте“.

Тој беше подготвен да допатува од Валенсија, но постоеше сериозна опасност поради првите правила за самоизолација против Косово да не настапат Пандев, Елмас и Несторовски.

„Не се плашев да дојдам, немаше да имам посериозен проблем. Сепак, поинаква ќе беше ситуацијата со Пандев, Еслмас и Несторовски, кои најверојатно немаше да смеат да играат. А без тие тројца важни фудбалери нашите шанси за успех ќе беа значително намалени“, вели фудбалерот на Леванте.

Шпанските новинари пресметаа, минати се 15 месеци од последниот гол што Барди го постигнал од слободен удар во дресот на Леванте.

„Петнаесет месеци? Добро, тоа е многу време, но да бидеме реални јас во тој период не изведов премногу слободни удари. Најважно ми е што се чувствувам добро на теренот, што придонесувам за добрите резултати на мојот тим. Не сум загрижен, знам дека штом ќе го дадам првиот, ќе следат уште многу голови од вакви ситуации“, оптимистичи е расположен Енис Барди.

 

Се вчитува...