Барди меѓу топ 10 играчи во Ла Лига на кои им завршува договорот во 2022 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди, се најде во друштво на неколку фудбалски ѕвезди во Шпанија, на кои им завршуваат договорите во 2022 година, и веќе во јануари би можеле да водат преговори со други клубови за ангажман.

Барди се најде во друштво на Усман Дембеле, Иско од Реал Мадрид, Герет Бејл, Луис Суарез, Аднан Јанузај…

Барди има договор со Леванте до 2022 година, и веќе на почетокот на идната година може да преговара со други клубови за ангажман како слободен фудбалер на лето. Многу работи ќе зависат и од тоа како тимот од Валенсија ќе биде пласиран во Ла Лига во финишот, иако во моментов не му оди најдобро, со оглед дека и натаму ја чека првата победа. Доколку Леванте сака да заработи нешто од негов трансфер, тогаш би требало да го пушти во јануари со соодветно обесштетување, во спротивно на лето си оди како слободен агент.

Освен овие гореспоменати, на листата се уште и Лука Модриќ, Хоселу и Алекс Фернандез.

Се вчитува...