Барди: Ми беше малку тешко на враќањето, неиграњето еден месец чини многу

Македонскиот репрезентативец Енис Барди после речиси еден месец пауза, заигра викендов за Леванте во дуелот со Севилја, кој заврши со неверојатни 5:3. Барди се врати на терените, и во 46. минута доби шанса да игра, но не придонесе Леванте да го избегне поразот.

Барди коментираше за неговото враќање на терените.

„Имав голема желба да се вратам, но ми беше малку тешко. Неиграњето од еден месец чини многу за сите играчи. Сега тој период е инато. Сега сум концентриран и со желба да направам се тимот да победува“, рече Барди.

Играчот на Леванте ги искажа очекувањата пред дуелот со Атлетико Мадрид.

„Секој натпревар е тежок за нас. Не чека уште еден многу тежок натпревар, и ќе треба да одиграме добро цел натпревар. Ќе видиме како ќе одиграме, но верувам дека сите ќе дадеме максимум да извадиме добар резултат“, кажа Барди.

Барди паузираше месец и пол поради повреда на тетивата. Тој после репрезентативниот настап со Романија во септември, се врати во Леванте, но не заигра се до минатиот викенд. Поради повреда ги пропушти и натпреварите со Лихтенштајн и со Германија во октомврискиот циклус квалификации.

Се вчитува...