Барди најблиску до Селта Виго

Енис Барди е најблиску до потпис со Селта Вига, пренесуваат шпанските медиуми.

Според „Елголддигитал“, Селта може да му гарантира на Барди поголема минутажа со оглед на играчите кои ги има во ростерот во средниот ред, додека кај Бетис тоа ќе биде потешко со оглед дека конкуренцијата таму е далеку поголема. Бетис во средината ги има Каналес, Гвидо, Гвардардо, Фекир, а сега го бараат и Себаљос, со цел да излезат во Лигата на шампионите следната сезона.

Засега е сигурно дека Енис Барди се сретнал со раководството на Леванте и побарал трансфер уште во јануарскиот преоден рок, и покрај тоа што на лето може да си замине како слободен играч. Оваа сезона постигна три гола во 14 натпревари.

За Барди има интерес и од Италија, од Милан и од Торино, но засега најблиску е да остане во Шпанија и да се пресели во Виго.

Се вчитува...