Барди не може да се врати на „местото на злосторството“

Енис Барди најславиот момент во својата кариера во „Ла Лига“ го имаше на гостувањето во Билбао, кога во рок од 123 секунди постигна два прекрасни погодоци во серија за Леванте, со што стана првиот што за така кратко време постигнал два гола од слободен удар. За успехот да биде уште поголем, на голот на Атлетик се наоѓаше Кепа, кој летово стана најскап голман во историјата на фудбалот.

Леванте се враќа на „местото на злосторството на Барди“ в средa, но македонскиот ас нема да може да му помогне на својот тим на овој натпревар. Причина – нашиот репрезентативец ќе мора да ја одлежи суспензијата поради пет добиени жолти картони во Ла Лига. Барди „пожолте“ на последниот натпревар против Еибар, па затоа нема да може да биде во комбинација за дуелот на „Сан Мамеш“.

Леванте игра во слаба форма во 2019 година, има само една победа во последните девет кола и падна на 15. место на табелата.

Се вчитува...