Барди: Нема паника во Леванте, ќе се избориме за опстанок

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го чека тешка битка за опстанок со Леванте откако тимот од Валенсија веќе два месеци не знае за победа во Ла Лига. Но, Барди по вчерашното реми (2-2) со Еспањол порача дека нема место за паника…

„Без разлика на се мислам дека нема место за паника. Леванте е едно големо семејство во која на сите единствената цел ни е опстанокот во Ла Лига. Среќни сме што имаме огромна поддршка од навивачите и токму заради нив ќе направиме се да го приведеме првенството до мирен крај“ – вели Барди, осврнувајќи се и на дуелот со Еспањол.

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Имавме тешка задача во финишот откако останавме и со играч помалку, но без разлика на тоа имавме шанси и за победа. Сепак, продолжуваме понатаму.Мислам дека можеме до победа на следниот натпревар“.

Во следното коло веќе в среда Леванте е домаќин на Бетис.

Се вчитува...