Барди несреќно му подари пенал на Бешикташ…, Трабзон во 94. минута го загуби Куп-финалето во Турција (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Трабзонспор не успеаја да се радуваат на трофејот во Купот на Турција откако го загубија финалето од Бешикташ во повеќе од драматичен натпревар кој беше одлучен во 94. минута од средбата.

Бешикташ дојде до победа од 3-2 со голот на Ал Мусрати во 94. минута од средбата.

Претходно, Трабзон поведе со 0-1 со прекрасниот гол на Онуачу уште во 13. минута, но Бешикташ израмни од пенал во последните секунди на првото полувреме. А, ударот од белата точка беше досуден откако токму Енис Барди, кој го одигра целиот натпревар, несреќно играше со рака во својот шеснаесетник.

Во второто полувреме, Бешикташ поведе со 2-1 со голот на Укан во 54. минута, но Пепе израмни за Трабзон во 89. минута. На крај, Ал Мусрати во 94. минута погоди за 3-2 и трофеј за Бешикташ.

Се вчитува...